fbpx

Каевски: Мицковски ги злоупотреби децата во Гевгелија, ДПМНЕ продолжува со истите методи на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во емисијата 24 анализа, портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски потенцираше дека во СДСМ има сериозен кадровски потенцијал и луѓе кои досега се докажале, за разлика од ДПМНЕ, кое понуди кадри кои ништо не можат да променат, затоа што истите се од времето на Груевски, заедно со нивната кандидатка за Претседател, Гордана Силјановска, која веќе еднаш се покажа како губитник.

„Во изборна единица 1 ќе трча Мицковски, кој денес бил во Гевгелија каде се злоупотребени млади лица и ученици и ова е истото што го правеше Груевски, кој одеше по училишта. На сликите се гледа дека се злоупотребени децата, од Мицковски, каде се прави шешир од ученици за да му аплаудираат на „големиот“ лидер на ДПМНЕ. Тука нема никакви промени, тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови“, рече Каевски.

На дебатата се зборуваше и за анкетите, за кои, како што рече Каевски, пак ќе се покаже дека се неточни, затоа што анкетите ги прават нарачателите од Белата Палата. Но, за ДПМНЕ е познато да лажира анкети, а тоа го направи и со потписите со нивната кандидатка за Претседател. После фалењето дека се собрале илјадници потписи за кратко време, на крај, ДПМНЕ ги однесе потписите само од нивните пратеници.

„Јасно е дека имаат направено фалсификат, и досега ниту лидерот, ниту од најтесното раководство никој не одговори“, рече Каевски.

„ДПМНЕ нема ни план, ни алтернатива како во ЕУ“, додаде Каевски.

„Ако сметаат дека имаат алтернатива како во ЕУ, нека ја кажат. Неискреноста на Мицковски се покажа и на Конгресот, кога го стави беџот со Северна Македонија во внатрешниот џеб од палтото, па таму зборуваше едно, а на граѓаните друго“, рече Каевски.

Последни вести