fbpx

Царовска во Ранковце: ЕУ преку социјалниот фонд инвестира 70 милијарди евра за вработување и мобилност на работници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со влeгувањето на Македонија во ЕУ и НАТО ќе ни стане достапен и Европскиот социјален преку кој Унијата инвестира над 70 милијарди евра во квалитетно и одржливо вработување и мобилност на работници. Младите повеќе нема да ја бараат Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а Европските стандарди наше секојдневие. Ова го изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која ја посети Општина Ранковце.
Царовска истакна дека законските измени со кои се зголемува поддршката за раст на платите е само почеток на зголемувањето на платите во Македонија. Со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ земјата ќе се приближува до евроспкиот стандард.

„Посетата ја искористив да видам какви се условите, како се имплементира минималната плата и уште повеќе да ги мотивирам компаниите да ги искористат придобивките од новиот Закон за раст на платите и поддршка на растот на платите. Со овој Закон ние обебзедуваме 30% од разликата помеѓу бруто платата во тековниот месец и просечната плата исплатена во последните три месеци лани, односно најмногу до 1.200 денари месечно по работник.
Поддршката позитивно ќе влијае на растот на животниот стандард на работниците и продуктивноста на компаниите “, рече министерката Царовска која посети текстилни погони во Ранковце.
Царовска се сретна и со градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, а со граѓаните од врата до врата разговараше за отворање на градинки и подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа.

 

 

 

Последни вести