Соопштение за јавност
-После 27 години, толку сме блиску до ЕУ и НАТО. Доаѓаат оттаму, на македонски јазик ни велат “Ве чекаме во НАТО и ЕУ”. Ако сакаме сериозен раст, да исчекориме напред. Сами, изолирани, може да имаме раст, но не каков што очекуваат граѓаните, како стандардот на земјите членки на ЕУ. Ни велат, ваше е да одлучите. Јас знам дека Свети Николе е За европска Македонија. Ова се дел од пораките што ги испрати премиерот Зоран Заев на трибината со граѓаните во Свети Николе.
Тој даде примери како по членството во НАТО, во Бугарија невработеноста е намалена, за три пати се зголемени инвестициите. Во Романија за 4 проценти се качени платите.
Пресериозен е моментот да се пропушти оваа шанса за НАТО и ЕУ, никој не треба да остане дома, повика премиерот Заев.
-По 30. септември, кога ќе се разбудиме на 1. октомври, ако успее референдумот ќе сме среќни, ако не, што ќе речеме, толку можевме?! Донесов сериозни одлуки поддржан од Владата и парламентарното мнозинство, но силата од вас ја црпевме. Овој референдум не е за СДСМ или ВМРО- ДПМНЕ, ова е за Македонија и за сите граѓани, рече премиерот Заев.
-Млади, разговарајте со вашите родители, татковци, дедовци, пријатели, извесна е иднината. Не оставајте незавршена работа. Младите мора да се заинтересирани за својата иднина. На 30. септември, да излеземе сите и да гласаме За европска Македонија, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните во Свети Николе.