Соопштение за јавност
Наместо да шири невистини за Договорот, време ВМРО ДПМНЕ да се приклучи во процесот на интегрирање на Македонија во Европската унија и НАТО. Да се искористи историската шанса пред која стоиме и да и дадеме светла иднина на нашата држава и нашите деца, нашите поколенија.
Договорот е јавно достапен за сите и во членот 1 од него јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Се појаснува значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.
Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина конечно се обезбедени еднаш засекогаш и никој нема да може да ги негира или оспорува.
Договорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ.
ВМРО ДПМНЕ се уште има време и шанса да се приклучи кон историското движење кое ја носи Македонија во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика своите членови да излезат на референдум ЗА европска Македонија.
Скопје, 10.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА