fbpx

Секое семејство бргу ќе почувствува придобивки, да излеземе ЗА членство во ЕУ и НАТО!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Пред нас се Европската Унија и НАТО. Тоа е нашата цел на оваа последна делница од патот што сите заедно го градиме од нашата независност.Тоа е нашата иднина, тоа е нашиот избор.Вашата одлука на 30 септември ќе го обезбеди нашето место во ЕУ и НАТО. Во најмоќната економска заедница на светот – ЕУ. Во најсилниот воен сојуз на светот – НАТО.“ порача премиерот на вчерашниот граѓански собир во Битола на коалицијата „Заедно за Европска Македонија“.

Премиерот Заев ги повика битолчани да ја дадат поддршката за заедно да се гордееме на македонското знаме кое ќе се виори заедно со знамињата на најмоќните земји во светот членки на најмоќните сојузи на светот ЕУ и НАТО.

Зборувајќи за придобивките од членството на земјата во ЕУ и НАТО премиерот Заев рече дека информативна кампања се спроведува со цел да се информираат граѓаните за македонско-грчкиот договор, за членството во ЕУ и НАТО и за придобивките кои ќе ги почувствува секое семејство многу бргу, а не за дваесет или триесет години.

„Ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца. Ќе се зголемат фондовите за земјоделците.Повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени. Вкупната годишна EУ помош за Македонија изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно.“ рече премиерот Заев.

Премиерот Заев ја испрати пораката дека младите луѓе се тие кои треба да ја зграпчат шансата и да одлучат за иднината на државата.

Јас верувам до небото во нашите млади луѓе. Но истовремено упатувам апел до сите повозрасни. Во недела на 30-ти, испијте утринско кафе, дотерајте се и сите на гласање. Да гласаме за Европска Македонија. Да се вратиме дома да си ги гушнеме децата и да знаеме дека сме им обезбедиле иднина“ ги повика премиерот Заев битолчани да излезат на референдумско изјаснување на граѓанскиот собир на коалицијата Заедно за Европска Македонија одржан во Битола.

Пред присутните битолчани се обратија и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и режисерката и актерка Софија Ристеска кои зборуваа за важноста на членството на земјата во ЕУ и НАТО и за потребата граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот глас ЗА Европска Македонија.

 

 

 

Последни вести