Соопштение за јавност
Пристојно е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон историското движење кое Македонија ја носи во НАТО и ЕУ.
Целиот демократски свет се обедини во поддршката на Македонија, во процесот на евроинтеграциите.
Време е ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да не стојат настрана и да се приклучат. Се работи за иднината на Македонија.
Патриотски е да се обезбеди македонската иднина.
ВМРО-ДПМНЕ 25 години тврди дека е за НАТО и ЕУ. Тогаш треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и да гласа ЗА.
Граѓаните се определени ЗА европска Македонија!
Скопје, 08.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА