fbpx

Растот на БДП од 3,1 отсто ја потврдува успешноста на економските владини политики и позитивно влијание на интеграциите во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ во второто тримесечје од 2018 година бележи раст од 3,1 отсто.

Имајќи предвид дека во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 економијата бележеше пад од – 1,3 отсто, за нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ со успешните економски политики успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец.

Она што е многу важно, јасно е дека придвижувањето на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата. Како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО така расте и економијата.

Таквиот процес дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, македонската економија станува поконкурентна, се отвораат можности за повеќе инвестиции, нови работни места и засилен економски раст.

Тоа се само дел од економските придобивки од интеграцијата во ЕУ и НАТО. Затоа, сите граѓани на 30 септември треба да излезат на референдумот за иднината и да заокружат ЗА повеќе инвестиции и повисок животен стандард, да заокружат ЗА европска Македонија.

Скопје, 07.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести