fbpx

Спасовски: На големиот празник повикувам да бидеме генерација што ја обезбедила иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и министер за внатрешни работи
Гостивар, 08.09.2018

Најпрвин сакам на сите граѓани на Република Македонија, на сите граѓани на општина Гостивар да им ја честитам Денот на независноста, денот кога ја создадовме независна Република Македонија, врз принципите на самостојност, демократија, солидарност и слобода и за членство во НАТО и ЕУ.

Сега имаме исто таков голем предизвик пред нас, пред сите граѓани на Република Македонија да ги оствариме токму тие стремежи, да бидеме дел од НАТО алијансата, да бидеме дел од обединетото европско семејство, затоа и сега имаме историска можност, а тоа е референдумот на 30-ти септември, сите заедно да се приклучиме, да бидеме генерација во овој историски момент, кој што ќе одлучува за иднината на државата, за иднината на нашите деца, за иднината на нашите идни генерации.
Целата светска јавност, сите големи лидери од светот ја посетија Република Македонија ја додоа својата поддршка, ни подадоа рака, денеска имавме извонредна можност за прв пат во независна Република Македонија, Германскиот Канцелар Ангела Меркел да биде тука, токму на роденденот на Република Македонија, и тоа е огромно признание и за државата и за граѓаните, меѓутоа и за нашите напори што ги правиме за развој на Република Македонија.

Ги повикувам, сите граѓани на Гостивар, сите граѓани на Република Македонија да се обединиме во овој клучен момент за државата, да покажеме сериозност и одговорност во постапките, да бидеме дел од овој историски момент, да излеземе масовно на референдумот на 30-ти септември, и да ја поддржиме европска Македонија.

 

 

 

Последни вести