Соопштение за јавност
Сите анализи и сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните го препознаваат историскиот момент, дека масовно ќе излезат на референдумот на 30 септември и ќе заокружат ЗА европска Македонија.
Граѓаните знаат дека пред нив е историска можност да ја обезбедат иднината, знаат дека Македонија припаѓа во ЕУ и НАТО, дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи е врвен стратешки приоритет.
Граѓаните се одлучни ЗА европска Македонија и затоа на референдумот на 30 септември ќе го искористат своето демократско право и ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.
Сите политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се вклучат во процесот, да ја поддржат одлуката на граѓаните и да го повикаат своето члентво на 30 септември да излезе на референдумот и масовно, храбро и достоинствено да заокружи ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружи ЗА европска Македонија.
Скопје, 06.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА