Соопштение за јавност
Иднината на Македонија и сите нејзини граѓани е поважна од било кој политички субјект.
Членството во ЕУ е НАТО е врвен стратешки, национален и државен приоритет и целиот фокус, целата енергија на општеството треба да се насочи кон остварување на зацртаните приоритети.
Исправени пред историската одлука за македонската иднина која обезбедува членство во ЕУ и НАТО со зајакнат идентитет, време е сите политички партии, обединети, заедно, да ги повикаат граѓаните да излезат на престојниот референдум.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси. Има време за политички преписки и прозивки, сега е време за државничко делување за иднината на државата.
Фактите покажуваат дека со Програмата за финансиска поддршка за 2018 година зголемена е субвенцијата за предаден зеленчук и овошје во преработувачката индустрија од 2 на 3 денари за килограм.
Во пресрет на откупот на пиперка за ајвар, денес, тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство имаше средба со преработувачите и откупувачите на пиперки каде што се утврди дека во струмичкиот производен регион откупот е при крај и се одвива непречено.
Во моментов започнува откупот на пиперка во пелагонискиот регион. Откупната цена за прва класа е 25 денари. За работата на новата Влада сведочат факти и граѓаните го чувствуваат тоа.
Македонија зачекори кон европски пат кој значи просперитет и подобри услови за граѓаните, за земјоделците. Предвидени се 15 милиони европски пари за земјоделството во Македонија за 2019 година. Имаме историска шанса да обезбедиме подобро утро за сите граѓани на Република Македонија.
Наместо искривување на фактите и ширење лажни вести ВМРО-ДПМНЕ треба да се приклучи во процесите кои обезбедуваат сигурна иднина, членство во ЕУ и НАТО со зајакнат иденитет.
Скопје,07.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА