Соопштение за јавност
Членството во ЕУ и НАТО што за ВМРО-ДПМНЕ е лажна надеж, за мнозинството граѓани е врвен национален интерес проставен уште на денот на осамостојувањето.
Дали во ВМРО-ДПМНЕ стојат зад денешната прес конференција на нивниот протпарол или јавноста може да очекува ново цензурирано видео, нов цензуриран текст како што беше автоцензурирано вчерашното видео на нивниот претседател Христијан Мицкоски?
Без оглед на конфузијата во која се наоѓа опозициската партија, на ВМРО-ДПМНЕ треба да му е јасно дека македонската иднина во ЕУ и НАТО е над сите политички партии, дека трајното обезбедување на идентитетот е над меѓупартиските полемики.
Јавноста знае дека кампањата за референдумот не е ниту партиска ниту изборна кампања. Совршено јасно е дека информативната кампања за референдумот е за иднината, за придобивките од процесот на евроинтеграцијата и членството во ЕУ и НАТО, за реализирање на врвните национални и државни интереси на Македонија.
Мнозинството граѓани, бројни политички партии, здруженија, синдикати, граѓански организации се обединија околу интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Време е ВМРО-ДПМНЕ да се стабилизира, да се преиспита и да се вклучи во процесите кои носат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
И за ВМРО-ДПМНЕ и за нивниот претседател Мицкоки, е добро што поскоро да повикаат на излезност на референдумот да повикаат ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.
Скопје, 03.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА