fbpx

Рекорден износ на инвестиции, отворените врати за членство во ЕУ и НАТО носат повеќе пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во првото полугодие од годинава забележан е рекорден влез на странски директни инвестиции во Македонија од 327 милиони евра.

Тоа е за трипати повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Забележан е раст на извозот од технолошко индустриските развојни зони за 17 отсто во споредба со ланскиот период од првото полугодие. Зголемен е бројот на работници во индустријата за 7,2%.

Сето ова покажува дека трендот на инвестирање во индустријата во Македонија е со забрзано темпо, економијата е поставена на стабилни основи и Планот за економски раст дава резултати.

Придобивките од започнатиот процес на интегрирање на земјава во НАТО И ЕУ веќе се чувствуваат. Отворените врати за членство во ЕУ и НАТО и успешните економски политики носат повеќе пари.

Овие придобивки дополнително ќе се интензивираат со влезот на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, процеси што ја зголемуваат довербата во македонската економија и носат повеќе странски инвестиции и нови работни места.

Сите граѓани треба да ја искористат историската шанса, да излезат и да заокружат ЗА повисоки плати, ЗА економски раст, да заокружат ЗА европска Македонија со развиена економија.

 

Скопје, 02.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести