Соопштение за јавност
Македонската иднина е над партиите. Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, е многу поголема од политичките партии.
Прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските односи.
Иднината е иста за сите и таа не познава етнички, религиски или политички разлики.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат шансата да покажат дека навистина се ЗА ЕУ и НАТО, дека се ЗА европска Македонија.
Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ треба да го искористи денешниот настан во Кичево и да ги повика членовите и симпатизерите да излезат на референдумот на 30 септември, да се приклучат, заедно да донесат одлука за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Има време за дневна политика, сега е време за обезбедување на иднината, таа е најважна од се.
Време е сите да бидеме едногласни во остварувањето на нашите стратешки и национални интереси – членство во НАТО и ЕУ.
Во интерес на иднината, сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат ЗА европска Македонија.
Скопје, 02.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА