fbpx

Проширување на Коалицијата за европска иднина, СДСМ и ЦДУ потпишаа меморандум за соработка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денес во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Централна Демократска Унија, Рикардо Сали, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители кои ја делат визијата за европска и просперитетна иднина.

Со потпишувањето на меморандумот за соработка, СДСМ и ЦДУ заеднички ќе работат на креирање политики и спроведување мерки кои се од интерес на граѓаните и исполнување на стратешката цел – членството на Северна Македонија во ЕУ.

Воедно, со потпишувањето на меморандумот, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните, се потврдува соработката помеѓу СДСМ и ЦДУ која има за цел обезбедување на европски стандарди и креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата.

СДСМ и Коалицијата за европска Македонија се залагаат и активно придонесуваат кон развиена и европска држава. Европскиот пат е единствениот пат кој може да донесе промена во Северна Македонија и да ја претвори надежта во реалност.
Нема откажување од иднината!

Последни вести