fbpx

Напади на новинари и злоупотреби на медиуми – тоа е вистинското лице на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ го осудува нападот на новинарите од ТВ 24

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ДПМНЕ. Тоа е недозволиво.

За жал, нема никаква промена во ДПМНЕ. Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.

Слободата на говорот за нив е мисловна именка.

Напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата – однесување препознатливо за мрачните времиња од владеењето на Груевски.

Мицкоски секојдневно докажува дека е копија на неговиот ментор од Будимпешта.

Последни вести