fbpx

ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава, навикната е на злоупотреби,сега е се поинаку, Македонија се гради како држава по европски правила

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО – ДПМНЕ не знае да функционира во нормални, законски и демократски услови, не знае што е тоа двоење на партијата од државата и затоа очајно шири лажни вести и манипулации.
ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава, навикната е на злоупотреби на државните ресурси, но сега е се поинаку, Македонија се гради како држава која работи за граѓаните, по европски правила.

Нема никаква злоупотреба на државни средства, ниту пак на ресурси.
Кампањата за референдумот не е ниту партиска ниту изборна кампања. Совршено јасно е дека информативната кампања за референдумот е за иднината, за придобивките од процесот на евроинтеграцијата и членството во ЕУ и НАТО, за реализирање на врвните национални и државни интереси на Македонија.

Влезот во ЕУ и НАТО и обезбедувањето на македонската иднина е над сите политички партии, над сите меѓупартиски полемики.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да шири лажни вести и да се приклучи на процесот за обезбедување на македонската иднина како рамноправен дел од ЕУ и НАТО.

 

Скопје, 01.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести