Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години свесно го уништуваше системот на социјална заштита, 11 години не само што не инвестираше ниту еден денар во подобрување на условите за живот на најранливите лица, туку и најбезобразно ги злоупотребуваше за политички цели.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што системот за социјална заштита се реформира, а Министерството за труд и социјална политика работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните.
Официјалните податоци ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
За нешто повеќе од една година, отворени се 11 нови градинки со капацитет од над 600 места, а до крајот на 2018 ќе бидат отворени уште 13, со што вкупниот број на отворени градинки за 18 месеци од мандатот на Владата предводена од СДСМ ќе изнесува 24.
Истовремено, покрај отворањето на нови детски градинки се вложува и во подобрување на условите за работа на потребниот кадар. Веќе од септемвриската плата, сите 4.300 вработени лица ќе добијат покачување на платата од 5 отсто, а од почетокот на годината па досега, МТСП обезбеди финансиска согласност за вработување на над 900 лица.
Тоа се реалните факти со коишто ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири. Наместо да шири лажни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи одговорно, домаќински и отчетно и како за само една година се инвестира во унапредување на детската и социјалната заштита.
Скопје, 26.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА