Соопштение за јавност
Од симболот на нивното криминалното владеење, од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири невистини.
Расипнички тендери, анекси на договори преку партиски фирми, Мајбах очила за сонце од десетици илјади евра , мерцедес од 600 илјади евра, коњско месо на мени на функционери, парцели на Водно, жални врби од 200 илјади евра во Вардар, се само дел од примерите за бесрамното трошење на парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното криминално владеење.
Додека квазифункционерите и политичари на криминалната ВМРО ДПМНЕ се луксузираа и немилосрдно се расфрлаа со парите на граѓаните, земјава ни запаѓаше во се поголема сиромаштија, изолирана од демократскиот свет.
Времето на раскоши и луксузи заврши со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ од власт.
Јавните набавки преку кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира со јавноста, не се за цвеќиња. Тоа не е точно. Станува збор за хортикултурно одржување и уредување за над 130 илјади квадратни метри зелени површини, низ целата држава, на 20 државни објекти, вклучувајќи ангажман на 25 лица, за период од 3 години.
Нема простор за измислени, лажни тендери и непотребно трошење на парите на граѓаните.
Оваа Влада предводена од СДСМ, работи транспаренто, јавно и отчетно.
Скопје, 24.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА