fbpx

Владата предводена од СДСМ спроведува суштински реформи во системот за социјална заштита што ВМРО-ДПМНЕ свесно го уништуваше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ 11 години свесно го уриваше и организирано го уништуваше системот за социјална заштита во Македонија. Цели 11 години не инвестираше ниту денар во подобрување на условите за живот на најранливите лица, туку напротив, најбезобрзно ги злоупотребуваше за политички гласови.

Владата предводена од СДСМ, преку процесот на деинституционализација посветено работи на подобрување на условите за живот на овие лица и на нивно психолошко јакнење за да станат дел од општеството и секојдневието.

За само шест месеци, децата се извадени од Домот 25 Мај и им се обезбедуваат услови за живот како во вистински семеен дом. Зајакнат е и стручнниот кадар во Центрите за социјална заштита коишто со години беа опустошувани од лошите политики на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За една година откако СДСМ ја предводи Владата, започнати се суштински реформи во повеќе законски регулативи за социјална заштита што ќе им донесат само подобри услови за живот на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ, ресорното министерство и сите надлежени институциим, продолжуваат внимателно да го зашрафуваат системот што ВМРО-ДПМНЕ смислено го разглоби.

 

Скопје, 25.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести