fbpx

Митко Чавков од ВМРО ДПМНЕ беше на чело на БЈБ сега осомничен за 27 април, тоа се “кадрите” на оваа партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја злоупотребуваше полицијата, а Министерството за внатрешни работи по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска го претвори во МВРО-ВМРО, не знае што се професионални и независни институции.

Последен пример е токму случајот со Митко Чавков, партиска инсталација на ВМРО ДПМНЕ кој беше на чело на БЈБ а сега е на обвинителна клупа.

Судската постапка ќе покаже што се правеле овие партиски кадри на ВМРО ДПМНЕ на 27-ми април кога беше нападното Собранието и загрозени животите на пратеници и новинари.

Тоа време заврши, следува одговорност.

Јасно е дека за опозциската партија којашто е симбол за партизирање институции, незамисливо е професионалци да раководат со безбедносните служби.

ВМРО-ДПМНЕ е против професионализација на институциите и напредок на Македонија во евроинтегративните процеси. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ сака повторно со безбедносните служби да управува братучедот на Никола Груевски, сака повторно нелегално да прислушува десетици илјади граѓани, а полицијата да ја злоупотребува за пресметки со неистомислениците.

За жал на ВМРО-ДПМНЕ, за среќа на Македонија таквото време нема повеќе да се повтори. Министерството денес работи професионално и независно, а полицијата веќе не е партиски инструмент, туку ефикасен и професионаел сервис, пријател и заштитник на граѓаните.

Назначениот директор на Бирото за јавна безбедност е професионалец, со долгогодишно академско и професионално искуство во служба на законите и обезбедување на безбедноста на граѓаните на државата.

Скопје, 22.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести