fbpx

Платите растат, економските политики даваат резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, позитивни резултати во економијата.
Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата исплатена во јуни 2018 изнесува 24.203 денари односно поголема е за 6.1 отсто во споредба со истиот месец во 2017 година.
Тоа значи дека просечната плата за период од една година, односно од јуни 2017 до јуни 2018 е зголемена за 1.400 денари.

Овие податоци се дел од бројните показатели коишто ја докажуваат успешноста на економските политики и реформи на Владата предводена од СДСМ, коишто ја стабилизираат и унапредуваат економијата.

По влезот на Македонија во НАТО и позапочнување на преговори за членство во ЕУ, следува отворање на нови фондови и развојни линии, повеќе инвестиции и зголемена конкурентност на македонската економија.
Сето тоа ќе значи дека растот на платите дополнително ќе се интензивира.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на економски мерки што обезбедуваат повисоки плати, зголемени иневстиции и нови работни места.

 

Скопје, 22.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести