Соопштение за јавност
Времето на партизирање, злоупотреби на институциите и притисоци врз вработените во администрацијата заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Во отсуство на аргументи и пред се во отсуство на разбирање на концептите на праведност, еднаквост, одговорност и отчетност ВМРО-ДПМНЕ објавува документи со кои само го потврдува тоа што Владата и Министерството за информатичко општество и администрација веќе неколку денови транспарентно го тврдат – сите институции мора да ги почитуваат законите.
Заканите, заплашувањата, одењето од врата на врата и во одредени случаи малтретирањето на јавните службеници се одлика на владеењето ВМРО-ДПМНЕ и тоа граѓаните многу добро го дознаа од разговорите што деновиве беа објавувани како дел од судскиот процес против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена до СДСМ работи отчетно и единствено во интерес на граѓаните. Нема манипулации, нема затксривања како за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат Владата го објави и вкупниот број вработени во јавната администрација, како и бројот на лица вработени преку агенцијата за времени вработувања.
ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лажни вести и измислици.
Скопје, 21.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА