Соопштение за јавност
Додека Владата предводена од СДСМ и Министерството за одбрана вложуваат во АРМ, додека Македонија цврсто чекори кон влез во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ очајнички продолжува да шири лажни вести.
Лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека им се укинува превозот на војниците. Како што веќе претходно соопшти Министерството за одбрана не е точно дека се укинуваат линиите за превоз на припадниците на АРМ. Напротив, опфатени се сите релации а за дел од нив е направено и проширување.
Што сака да постигне ВМРО-ДПМНЕ со ширењето невистини?
АРМ оваа година го прослави роденденот како армија на 30-та земја членка на НАТО.
Членството во НАТО ли му пречи на ВМРО-ДПМНЕ?
Покачувањето на платите, зголемувањето на буџетот на АРМ, враќањето на плаќањето на дежурствата за сите припадници на АРМ се само дел од преземените мерки на Влада предводена од СДСМ за унапредување и подобрување на условите за припадниците на АРМ.
Се инвестира во подобро опремена армија, обезбедени се средства за униформи и чизми за сите припадници на АРМ, за набавка на возила и инженерски машини за зголемување на капацитетот на Армијата.
Тоа ли му пречи на ВМРО-ДПМНЕ? Напредокот?
Владата предводена од СДСМ, посветено работи на приоритетните цели кои се од интерес на граѓаните и државата. Тоа е препознаено од целиот демократски свет. Доказ за тоа е и добиената покана за влез во НАТО како 30-та земја членка што е остварување на врвните национални и стратешки интереси.
Скопје, 21.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА