Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години ги уценуваше, малтретираше и понижуваше земјоделците и го погазуваше нивниот труд, е најмалку повикана да зборува за состојбите во земјоделството.
За разлика од потценувачкиот однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство градат партнерски однос со земјоделците и активно работат на надминување на сите проблеми.
Во насока на надминување на проблемот со откуп на сливи, Министерството воведе нова дополнителна субвенција од 2 денари по килограм за правните лица откупувачи на сливи. Истовремено, субвенцијата за предадено овошје во преработувачките капацитети, вклучително и за сливите е зголемена од 2 на 3 денари за предаден килограм овошје. Преку ваквите мерки, вкупната финансиска поддршка што ја дава
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за стабилизација на откупот на сливи изнесува 5 денари од килограм.
Таквата финансиска поддршка за откупувачите ќе важи до 15 септември за откупена индустриска слива со цена не пониска од 5 денари, додека пак договорено е цената за откуп на свежа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм.
Владата предводена од СДСМ продолжува да покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството и подобар животен стандард за сите земјоделци.
Скопје, 21.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА