fbpx

Криминалната матрицата на ВМРО-ДПМНЕ е заробена во минатото, не ги познава законите и нема став, референдумот е изјаснување за иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ-лажирана е заробена во минатото, мисли за поткупување на гласачи како тоа што го правеше 11 години, но тоа време заврши.

Граѓаните на референдумот ќе се изјаснат слободно, во демократска атмосфера а нивната волја ќе биде почитувана. Македонија е слободна и демократска држава, граѓаните го имаат последниот збор.

ВМРО-ДПМНЕ не соопштува јасен сав за референдумот, не се изјаснува за што е, нема став за најважните прашања за иднината на државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден штанца лажни вести.

Референдумот е многу јасен, тој не е избор за политички партии туку избор на граѓаните за иднината, за тоа по кој пат ќе се движи Македонија.

Изборот е напредок, членство во ЕУ и НАТО со признаен македонски идентитет или уназадување, изолација, враќање во темно минато.

Непознавањето на законите од страна на ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна димензија на ширњето лажни вести од нивна страна.

Законските прописи коишто се однесуваат за референдумот се различни од прописите коишто се однесуваат за спроведување избори. За време на референдум владата работи нормално, сите обврски ги извршуава тековно, нема никакви застои и нема законски ограничувања. Ова се однесува и за огласи за нови вработувања.

ВМРО ДПМНЕ-лажирана треба да се разбуди од сонот на лажни вести, да се вклучи во реалноста и конечно да го соопшти ставот за што е.

Скопје, 19.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести