Соопштение за јавност
Референдумот на којшто граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на државата е пред нас.
Прогресивните сили, прогресивните демократски партии, граѓаните, граѓанските организации, сите се обединети за светла иднина, за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, за напредок.
Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат јасен став, не се изјасниле за што се.
СДСМ е јасно определен за европска иднина на Македонија, како членка на ЕУ и НАТО.
ВМРО-ДПМНЕ досега покажа дека се подготвени да ја жртвуваат иднината само за амнестија на Никола Груевски и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Останува да изберат и да соопштат за што се.
Изборот е светла иднина или темно минато.
Изборот е напредок, членство во НАТО и ЕУ или уназадување, криминал, изолација, враќање назад.
Граѓаните се определени. На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет.
Да за македонската иднина.
Скопје, 18.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА