fbpx

Партизацијата на јавната администрација заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, се градат независни и професионални институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Колку може да биде апсурдна и лицемерна ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски ги партизираше институциите и јавната администрација а од Македонија создаде заробена држава.

Деновиве, во една од судниците за предмет што се води против поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се слушна токму за партизација на институциите во времето на режимот. Ќе останат запаметени скандалите со списоци за партиски вработувања, објавени на А1 телевизија.

Партизацијата на јавната администрација заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Сега се градат независни и професионални институции и сите постапки се спроведуават согласно законите.

ВМРО-ДПМНЕ го криеше бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација. Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата и бројот на лица вработени преку агенции за времени вработувања.

Започнатиот процес на реформа на администрацијата од страна на Владата предводена од СДСМ обезбедува стручна, отворена и независна администрација која работи како сервис на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува доследна на воспоставените принципи на отвореност и транспарентност и одговорно продолжува со спроведување на мерките што градат професионални и независни институции.

ВМРО ДПМНЕ-лажирана е прочитана од граѓаните и ова штанцање невистини и лажни вести не поминува.

Скопје, 18.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести