Соопштение за јавност
Не постои поголем криминал од 11 годишното коруптивно, расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Ова партијата е симбол на криминал, корупција и неспособност.
ВМРО-ДПМНЕ очајно и залудно се обидува преку лаги да прикаже незаконско работење онаму кадешто го нема.
Единствените крадци се оние блиски до нив, кои од државата извлекоа милијарди евра и ги внесоа во оф шор компании на Белизе и други егзотични локации. Но ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека се она што било стекнато на нелегален начин ќе биде вратено назад во Буџетот од кадешто е и украдено.
Наместени тендери, договорени провизии и масовно крадење на парите на граѓаните беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ а тоа време заврши.
Денес средствата од Буџетот се користат рационално и одговорно.
Лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека Фондот за иновации доделил средства на фирми кои се со постапка на ликвидација де целолсно демантирани.
Како што соопшти Фондот согласно и правилниците за сите инструменти за финансиска поддршка, сите апликанти задолжително морале да достават потврда за тековната состојба не постара од еден месец и сите споменати компании доставиле таква потврда.
Дополнително, компаниите доставиле и потврда дека нема отворена стечајна постапка ниту ликвидација.
Јасно е се.
ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за да го покрие тоа што нема став за клучните прашања за иднината на државата.
Скопје, 19.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА