fbpx

ВМРО-ДПМНЕ садистичка продолжува да се изживува, злоупотребува несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема став за клучните прашања на државата и покажува дека може да падне толку ниско ниско што ќе злоупотребува дури и несреќен случај, кој за чудо завршил без човечки жртви.

Ова садистичко однесување и изживување на ВМРО-ДПМНЕ говори дека партијата е целосно загубена.

Изнесените лаги веднаш беа демантирани од Министерството за земјоделство во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.

Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од минстерот кое што е јавно објавено со што се потврдува дека возилото е законски управувало.

Деталите за несреќата се објавени и во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поигрувањето со човечки животи, злоупотреби на несреќен случај од страна на ВМРО-ДПМНЕ е ниско, срамно и недозволиво и ја покажува очајната состојба во оваа партија.

 

Скопје, 18.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести