Соопштение за јавност
Иако сите изнесени невистини од страна на ВМРО ДПМНЕ беа демантирани од страна на Владата на Република Македонија опозициската партија продолжува со хистеричното ширење лажни вести.
ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став за најважното прашање за иднината на државата а од друга страна хистерично шири лажни вести директно или индиректно поврзани со напредокот на Македонија во НАТО.
Граѓаните ширум Македонија се радуваа и излегоа да ја прослават убавата вест, покана за членство на Македонија во НАТО. Само од ВМРО-ДПМНЕ ништо, нема честитки, нема радост за веста којашто е значајна за иднината на Македонија.
Јавноста очекува одговор дали ВМРО-ДПМНЕ е против членството на Македонија во НАТО?
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и отчетно, водејќи сметка за граѓаните.
Владата веднаш објави целосен извештај за прославата „Одиме напред-Македонија во НАТО и ЕУ“ и јавноста ги знае сите детали околу целокупните трошоци, реализирани во законска и транспарентна постапка.
Отеченоста и транспарентноста беа мисловна именка во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Режимот функционираше врз база на „дил ориентед“ зделките, се бараа провизии од милионски суми само за еден пат, рајските шеми и оф шор компании на Белизе служеа за испумпување на парите на граѓаните, никој не знаеше каде завршуваа парите на граѓаните.
Бројните судски постапки коишто се во тек го потврдуваат тоа и од нивната завршница граѓаните ќе ги добијат одговорите.
Скопје, 17.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА