fbpx

ВМРО ДПМНЕ лаже затоа што не може да го разбере концептот на домаќинско и отчетно работење. Евтини летови ќе има!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Искривените соопштенија и прес-конференции на криминалната ВМРО ДПМНЕ се доказ дека оваа партија го изгуби сиот политички компас и единствена агенда која ја има е ширењето на лажни вести.

Евтини летови ќе има. Владата на РМ има обезбедено средства за субвенционирање на нискобуџетни превозници и согласно со владината програма таа мерка продолжува.

Министерството за транспорт и врски на крајно транспарентен начин ги извести граѓаните дека е забележан пропуст на последниот тендер и воедно истиот е поништен, и во таа насока се’ со цел да се работи правилно, отчетно ќе биде распишан нов јавен повик.

Нема веќе ало Миле ми текна и дил ориентед зделки на штета на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ не може да се помири дека новата Влада работни домаќински и одговорно.

Скопје, 17.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести