fbpx

ВМРО-ДПМНЕ садистичка, злоупотребува несреќен случај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува дури и несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува ова садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за земјоделство веќе ги демантирше лагите и конструкциите изнесени на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.

Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од минстерот и со тоа законски управувало со возилото.

Второ, деталите за несреќата се објавени во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се.

Срамно, ниско и недозволиво е поигрување со човечки животи и злоупотреба на несреќен случај за политички манипулации со јавноста. Граѓаните го прочитаа ВМРО-ДПМНЕ одамна, а на вакавите конструкции и манипулации никој повеќе не верува.

ВМРO-ДПМНЕ е без политички компас, без ставови за клучните прашања за државата, без идеја, програма и визија.

 

 

Скопје, 17.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести