fbpx

По хистеријата што ја шири со измислување лаги прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ е против членство во НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Хистеријата на секојдневно ширење лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со напредокот на Република Македонија кон НАТО говори многу.

Цела Македонија се радуваше и излезе да прослави за убавата вест, покана за членство на Македонија во НАТО, само ВМРО-ДПМНЕ не се израдува.

Континуирано во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, класични лажни вести, кои директно или индиректно се поврзани со напредокот на Македонија и членството во НАТО.

После сета хистерија прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ е против членството на Македонија во НАТО?

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани.

Владата објави целосен извештај за прославата „Одиме напред-Македонија во НАТО и ЕУ“ и јавноста ги знае сите детали околу целокупните трошоци, реализирани во законска и транспарентна постапка.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и отчетно.

Во времето на режимот цветаа „дил ориентед“ зделките, провизиите од милионски суми само за еден пат, рајските шеми за испумпување на парите на граѓаните, офф – шор компании, никој не знаеше каде завршуваа парите на граѓаните
.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по тоа што доделуваше тендери од милиони евра на компании блиски до партијата, кои дури не ги ни завршуваа работите за кои беа ангажирани.

Тендерите не беа објавувани на сајтот на Бирото за јавни набавки, а објавувањето на трошоците на функционерите за ВМРО-ДПМНЕ беше научна фантастика.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ и одговорниот однос кон парите на граѓаните.

Скопје, 16.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести