fbpx

Забелешките во однос на корупцијата се должат на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ се бори против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Забелешките во однос на корупцијата се должат на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое допринесе корупцијата да се распространи до невидени размери.
Цели 11 години криминалот на режимот беше целосно под заштита од институциите на системот. За да се прикрие криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше дури и Комисијата за спречување на корупцијата.

Граѓаните слушнаа од политичките бомби како Груевски и Јанакиески договараат милионски провизии само за еден пат.

Фирми на Белизе и рајски шеми за испумпување на парите на граѓаните и богатење на фамилијата беше синоним за криминалот и корупцијата цели 11 години.

Враќањето на правото и правната држава и неселективната борба против криминалот и корупцијата се императив за СДСМ и владата постапува по сите препораки во нејзина надлежност за тие ќе бидат имплементирани.
Препораките од ГРЕКО се стари повеќе од 4 години. За само една година оваа Влада спроведе три препораки. За разлика од однесувањето на претходната власт , која беше причинител на коруптивните состојби и која за период од цели четири години (2013-2016) спровела само три препораки на ниво на сите институции во државата.

Интензивно се работи на препораките на ГРЕКО, дел од оние препораки што се во надлежност на Владата се исполнети, дел се во фаза на исполнување и ќе се имплементираат како што е посочено.

 

Скопје, 13.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести