fbpx

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување!

Facebook
Twitter
LinkedIn

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови за живот.

На граѓаните им е доста од делби и поделби, не сакаат враќање назад во изолација и незивесност, сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина има конкретен план, волја и знаење, за исполнување на стратешката цел – членство на ЕУ.

Членство во ЕУ не заради остварување на европски сон, туку заради европски животен стандард, поголеми плати, пензии, подобро здравство, образование, правда. Само со членство во ЕУ се можно суштински и темелни промени во македонското општество.

Затоа не смееме да се откажеме. Патот до ЕУ е тежок но тој е вистинскиот. Нема откажување од иднината!

Скопје, 18.04.2024

Последни вести