fbpx

Ковачевски за МИА: Во новиот мандат, минимална плата од 600 евра, 1.100 евра просечна плата, тоа е можно!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во новата програмата имаме минимална плата од 600 евра, 1100 евра просечна плата. Тоа е можно. Првиот столб на програмата се однесува на економијата. Вие знаете дека во услови на криза ги зголемивме платите неколку кратно, минималната плата од 8.000 денари на 22.500 денари, просечната плата ветивме 500 евра, остваривме 650 евра. Во новата програмата имаме минимална плата од 600 евра, 1100 евра просечна плата. Тоа е можно. Овие бројки се продолжение на добрите економски политики кои што ги имавме во изминатите години, во кои ние работевме во услови на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Зборувајќи за подобрените економски показатели, претседателот Ковачевски истакна дека и во услови на криза, СДСМ обезбеди поголеми плати и пензии, но и обезбеди поддршка за бизнисот со што се зачуваа работните места, но и се отворија нови.

-Во тие услови ние обезбедивме нова методологија за раст на пензиите низ отворен дијалог со Сојузот на здружение на пензиониери. Пред се имаме пензии кои што се за 50% поголеми во однос на 2016 година и тие два пати годишно ќе растат согласно со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот. Сето тоа се однесува и на минималната плата која што денес е 22 500 денари, тоа е три пати повеќе или четири пати повеќе од она што беше во 2016 година односно 8 000 денари. – истакна Ковачевски

-Заради стабилниот амбиент како земја членка на НАТО гледате дека и странските директни инвестиции се дупло поголеми од тоа што беа во 2016, ние минатата година имаме 700 милиони евра странски дирекнти инвестиции во однос на 300 милиони евра колку што беа во 2016 година. Воведовме поддршка на македонските компании за прв пат и со 100 милиони евра обезбедивме економски циклус од половина милијарда инвестиции кај домашните компании кои што обезбедија 5 000 нови домашни работни места. Во последните две години ние имаме најголема реализација на капиталните инвестиции што повтроно создава работни места во државата и тоа резултира со намалување на невработеноста од 25% колку што беше во 2016 година, ние денес имаме 12% невработеност и проектираме 7% невработеност во 2028 година. Сето тоа влијале на зголемување на продуктивноста, влијае на поголемо ценење на работниот труд од страна на работодавачите и секако промените во структурата на економијата во државата – рече Ковачевски во интервјуто за МИА.

Последни вести