fbpx

Ковачевски за МИА: Европскиот пат, значи подобар животен стандард каков што граѓаните заслужуваат, ама тука дома во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ковачевски за МИА: Европскиот пат, значи подобар животен стандард каков што граѓаните заслужуваат, ама тука дома во Македонија

Секој нов извештај на ДЗС покажува дека имаме зголемување на просечната плата во државата таа е веќе дојдена до 40 000 денари, и јас сум убеден дека ќе дојде до 1 100 евра до 2028 година. Со влезот во ЕУ просечната плата веднаш ќе биде 1300 евра додека минималната плата ќе биде 800 евра. Зошто? Бидејќи државата ќе почне да функционира на заеднички пазар од половина милијарда евра. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

-Емприските показатели за држави кои што влегле во ЕУ, а пред тоа не биле дел од ЕУ покажуваат зголемување и на економската активност, на бројот мали и средни претпријатија, покажуваат зголемување на БДП, Словенија го дуплираше својот БДП. Хрватска за 1/3 го зголеми бројот на мали и средни претпријатија, зголемување на странските директни инвестиции бидејќи кога Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ тогаш голем број на компании ќе отвораат свои седишта во Македонија бидејќи сеедно е дали вашето седиште се наоѓа во Виена, Берлин или се наоѓа во Скопје или Атина со оглед на тоа дека се е тоа на заедничкиот пазар. – истакна Ковачевски

-И тоа се конкретните придобивки. Поголеми плати, поголеми пензии, подобар животен стандард, подбро владеење на право, поголема борба против корупцијата. Едноставно подобар животен стандард каков што граѓаните го сакаат и го заслужуваат ама тука дома во Македонија земја членка на ЕУ, а не да одат некаде по странство нашите млади за да живеат во ЕУ. – рече Ковачевски во интервјуто за МИА

Последни вести