Соопштение за јавност
Во изминатата една година Македонија забрзано чекори напред, кон членство во ЕУ и НАТО, како напредна, слободна и демократска земја, меѓу другото и затоа што се преземаа чекори кои доведоа до функционирање на правната држава, неселективност и одговорност.
Една од причините зошто 11 години Македонија беше заглавена и стоеше во место беше токму криминалот, корупцијата, селективната правда или поточно неправдата која што со години го штитетше криминлот на Груевски, фамилијата и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа за оваа партија е тешко да го разбере значењето на зборовите „правда“ и „одговороност“ но нека собира храброст ВМРО-ДПМНЕ и нека се навикне дека амнестија нема да има-правда има!
Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ, заедно со сите прогресивни сили, граѓани, здруженија, организации, обезбедува иднина за Македонија, како членка на НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет.
Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на референдумот на 30-ти септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок, ќе кажат ДА за македонската иднина.
Скопје, 09.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА