fbpx

Се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, на референдумот се бира иднина или изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Имаме историска шанса да ја обезбедиме македонската иднина. Сонот на многу генерации, стремежот на нашите предци е на дофат, на нас е да го исполниме целосно, во интерес на сите граѓани коишто живеат во Република Македонија.

Јасно е, со поддршка на македонско-грчкиот Договор, поддржуваме Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, го обезбедуваме нашиот идентитет.

Прашањето на референдумот е јасно и едноставно – иднина или изолација.

Доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е.

Обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација, во обид да одбранат криминал.

Без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок.

На референдум ќе изберат иднина, ќе кажат ДА за нормална, демократска, напредна, сигурна и просперитетна држава за сите, членка на ЕУ и НАТО.

 

Скопје, 08.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести