fbpx

Ковачевски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра во новиот мандат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гарантираме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Демир Капија.

Ковачевски нагласи дека минималната плата е зголемена за 3 пати во однос на 2016 година, просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016 година но сега доаѓаат подобри времиња.
-Гарантирана плата за младите и грантови за отпочнување нов бизнис, затоа што сакаме младите да си ја градат својата иднина дома. Гарантираме подобри услови и плати за здравствените работници и целосно бесплатно јавно здравство. Ветуваме подобар и поправеден систем за сите, бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и конечно со спроведување на процесот на ветинг на судиите и јавните обвинители. Ова е нашата визија и нашата програма за граѓаните и државата, рече Ковачевски.
Не постојат брзи решенија за системските проблеми. Европскиот пат и членството во ЕУ се единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество, додде Ковачевски на митингот во Демир Капија.

Последни вести