fbpx

Мицкоски, ако си за иднината, поддржи го референдумот за ЕУ и НАТО, во спротивно остануваш заглавен во минатото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски декларативно вели дека е за иднина, време е да го докаже тоа на дело и да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за изолација, назадување и неизвесност.

Мицкоски, ЕУ и НАТО се нашата иднина. Ајде, ако си за просперитетна иднина поддржи го референдумот на кој граѓаните ќе го имаат последниот збор и ќе одлучат за македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски се уште има шанса да се обедини со останатите политички субјекти коишто се за напредок на Македонија и затоа е потребно јавно и недвосмислено да го поддржи референдумот. Во спротивно Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани и заглавени во темното минато на криминал, корупција и неказновост, заглавени на браникот на криминалите на нивната партија.

Антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочи македонската иднина.

На 30 септември, граѓаните, слободно и достоинствено на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните се јасно определни и велат ДА за македонската иднина.

 

Скопје, 01.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести