fbpx

Граѓаните се определени, на 30 септември на референдум ќе кажат ДА за Договорот со Грција, ќе кажат ДА за македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните.

На 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните на Република Македонија ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата.

Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него ќе биде обврзувачка за сите, затоа што гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина.

Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто се против интеграција. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

Но, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки.

Граѓаните масовно, слободно и достоинствено на 30 септември на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните се обединети, одлучни и определни, граѓаните велат ДА за македонската иднина.

 

Скопје, 31.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести