fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните кои слушнаа како таа партијa договараше промена на име без да го заштити македонскиот идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ упорно одбива да ги прифати успесите на Македонија, и згора на се ги потценува граѓаните, нивната интелигенција и нивното сеќавање.
Целата јавност слушна за каков договор со Грција преговарала Владата на ВМРО-ДПМНЕ, име со неколку придавки, додавки и загради.

Постојано со криење од јавноста,ВМРО-ДПМНЕ јавно се повикуваа на патриотизам додека тајно договараа придавки, додавки и загради со кои не успеаа да стигнат до конечен договор и до пријателство со Грција.
Јавноста многу добро знае дека Никола Груевски прифатил и Горна и Северна за севкупна употреба, без да го гарантира идентитетот, без да ја гарантира посебноста.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години тајно и скришно преговараше и не успеа да го загарантира македонскиот идентитет.
Ако навистина се грижи за македонскиот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи договорот со Грција. Токму Членот 7 од Договорот го гарантира македонскиот идентитет, а Членот 1 го гарантира македонскиот јазик.

Со овој договор за прв пат се гарантира меѓународно признавање на македонските идентитет, култура и јазик и истовремено се отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО, што се највиски државни и национални интереси на Република Македонија.

 

Скопје, 29.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

 

Последни вести