fbpx

Митрески од Охрид: На Македонија и е потребна ЕУ за побрз развој и подобар стандард, нема да останеме заложници на лагите на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„На Македонија и е потребна Европската унија за побрзо да ги донесеме европските стандарди дома. За платите и пензиите да растат побрзо, да се развиваме инфраструктурно. Да го унапредиме и развиваме туризмот. За да живееме просечен европски живот, без грижи дали некој ќе може да ги плати сметките, дали ќе обезбеди огрев, лекови или храна“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, на вечерашниот митинг во Охрид.

Тој потсети дека како земја ништо лесно не сме добиле, ништо лесно не поминало, ниедна лесна битка не сме имале во кој и период од минатото да погледнеме. Но, благодарение на храбрите одлуки на СДСМ денеска имаме самостојна и независна држава.

„Создадовме независна, суверена, самостојна држава Македонија без буџет, без војска, без оружје… Но, станавме независна држава без жртви, без војни кои тогаш се случуваа во сите републики од поранешна Југославија. Една работа и тогаш и сега е иста. И тогаш и денес имаше и има самопрогласени наводни патриоти и прогласување на наводни предавници. Тогаш со пароли за сечење канџи, денес, за наводна бугаризација и асимилација. Лага до лага, манипулација до манипулација. Зошто? За мали, ситни, бедни, евтини политички поени и борба за власт“, нагласи Митрески и додаде дека времето ја потврди исправноста на тие одлуки и потврди дека вистински патриотизам бил, е и ќе остане носењето државнички одлуки.

Митрески нагласи дека е лесно само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние имаме одговорност за иднината на татковината и сите нејзини граѓани. Државата мора да оди напред. Младите не може да бидат жртва на политичари без став, без визија. Изборот е или интеграција или изолација. Јас, СДСМ, коалицијата, кандидатите за пратеници се за интеграција. Тоа им го должиме на нашите предци, но и на генерациите што доаѓаат после нас за својата иднина да ја градат во својата татковина, не во странство. Членството во ЕУ значи пристап до фондови за развој, но и значи пристап до пазар од 500 милиони жители за македонските компании, за македонските бизниси, за македонскиот туризам“, нагласи Митрески.

Тој ги повика охриѓани да се обединат и сложно да застанат зад планот за европска Македонија и да гласаат за број 1, за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

Последни вести