Ве известуваме дека утре, недела, 21.04.2024 година, со почеток во 13.00 часот, пред зградата на ЕУ во Скопје, ќе се одржи голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
На митингот свои браќања ќе имаат: Стефан Левен -претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево Пендаровски – кандидат за претседател на Република Северна Македонија, а куси обраќања ќе имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалиција.
Пренос во живо ќе се емитува на официјалните профили на Фејсбук како и на Јутјуб каналот на СДСМ.