fbpx

Ковачевски: Воведуваме голема реформа, енергетските компании ги враќаме во рацете на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница ја најави големата енергетска реформа, предвидена во изборната програма.
Имам чест да ви ја најавам големата енергетска реформа, со која државните енергетски компании ги враќаме назад, кај граѓаните, истакна Ковачевски.

Ковачески нагласи дека висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните.
Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство, порача Ковачевски.

Тој додаде дека покрај ова, во наредните четири години инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија ќе биде зголемен за 100%!
Покажавме дека се грижиме за граѓаните, затоа и сум убеден и можам да ви порачам дека наредните 4 години ќе видите една сосема нова приказна, со нови, квалитетни луѓе и уште поквалитетни политики, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Брвеница.

Последни вести