fbpx

Без јасно дистанцирање од криминалот и извинување, најавата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ значи лето за одбрана на криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ имаа единаесет години да ја донесат Македонија на вистинскиот пат кон членство во ЕУ и НАТО. Но наместо да се грижат за интересите на граѓаните и државата, тие единствено се грижеа за криминалот и личното богатење на поединци во врвот на оваа партија.

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ се сети дека треба да им се обрати на граѓаните, но без јасно дистанцирање од криминалот, без извинување за катастрофата и последиците што ги остави нивното 11 годишно погрешно, криминално владеење, денешната најава е лажна, провидна и неискрена.

Мицкоски треба да го повика својот претходник, Никола Груевски, на одговороност и да им се извини на граѓаните. Без тоа, денешната најава на ВМРО-ДПМНЕ значи лето за одбрана на криминалот, и ништо повеќе.

СДСМ заедно со граѓаните, гради држава по европски правила со  сигурна иднина,  владеење на правото, раст на економијата, повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Граѓаните нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Правда за сите и расчистување на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ е државен интерес, секој да одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка.

НЕ за одбрана на криминалот, ДА за македонската иднина!

 

Скопје, 10.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести