Соопштение за јавност
СДСМ, во новиот мандат, за првпат воведува целосно укинување на партиципацијата во здравството.
Со точно предвидени мерки се укинува партиципацијата од 20% во здравството.
Истовремено се обезбедуваат повисоки плати за медицинскиот персонал.
Докторите специјалисти ќе имаат плати до 180.000 денари, општите доктори 120.000 денари, а медицинските сестри до 90.000 денари.
СДСМ води сметка за сите, создава услови лекарите и сестрите да останат тука и дома да си ја градат иднината.