fbpx

За Мицкоски поважна е судбината на Груевски отколку иднината на граѓаните, нема амнестија за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека за него поважна е одбранат на криминалот и судбината на Никола Груевски отколку иднината на Македонија и нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ја блокира постапката за  формирање на Државна изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека амнестија за криминалот и насилството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има.

Граѓаните, јавноста и целиот демократски свет го препознаваат историскиот успех што е постигнат со договорот. Со конечниот договор се обезбедува иднината и безбедноста на Македонија како членка на НАТО и ЕУ и се гарантира македонскиот идентитет, Македонци, македонски јазик, македонска посебност се обезбедени еднаш за секогаш.

 Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го бранат криминалот, СДСМ заедно со граѓаните обезбедува европска иднина.

Македонија чекори кон членство во ЕУ и НАТО и се гради како држава со европски правила, деструктивните сили нема да ја вратат во темното минато на изолација, криминали насилство.

Скопје,09.07.2018 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести