fbpx

После децениски порази Македонија ниже победи, Мицкоски да се извини за тоа што Струмица 11 години беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во отсуство на конкретни ставови, политики, решенија, идеи, Христијан Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни.
Неодговорно е својата нервоза Мицкоски да ја префрла на граѓаните.

Граѓаните знаат, после 11 години порази Македонија денес победува, ниже историски успеси.
Зачуван, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш.
Македонија добива покана за членство во НАТО, и тоа за неколку денови, на следниот Самит на Алијансата.
Обезбеден е датум за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Македонија е слободна и демократска во која се враќа правдата а граѓаните и нивните потреби се во центарот на вниманието.

Платите растат, инвестициите се зголемуваат, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, економијата се движи во вистински правец на раст и развој.

Победи на Македонија, коишто се поздравени и признаени од целиот демократски свет и од граѓаните.
Наместо да се обидува својата нервоза да ја префрла врз граѓаните, Мицкоски да им се извини за тоа што општина Струмица 11 години беше заборавена и намерно блокирана од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Струмица е пример за европски град и општина за пример која не сака да се врати назад.

Граѓаните нема да дозволат никој повеќе да ја врати назад во времето на криминалот, изолацијата, поделбите и конфликтите.

Македонија ниже победи и оди напред!

Скопје, 03.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести